Şenhan Bolelli
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
МАДРИД
Во Шпанија во последните 24 часа починаа 5 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 27.133 лицe, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја ги ажурираше бројките на смртните и откриените случаи.
Во Шпанија од 1 до 3 јуни почина само едно лице од Ковид-19, додека денес починаа 5 лица.
Во соопштението се вели дека во последните 24 часа откриени се уште 195 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи се искачи на 240.660.
Портпаролката на Здружението за педијатрија на Шпанија, Кристина Калво, рече дека околу 1.400 деца се заразени со Ковид-19, од кои една четвртина од нив се лекувани во болница.
Вонредната состојба прогласена во земјата поради Ковид-19, ќе трае до 21 јуни, додека почнувајќи од 1 јули се очекува да се прифаќаат ограничени странски туристи.
Министерот за туризам, индустрија и трговија на оваа земја, Рејес Марото, првин истакна дека копнените граници со Португалија и Франција ќе бидат отворени на 22 јуни, а потоа соопшти дека тоа ќе се случи на 1 јули.