Barış Seçkin
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 70 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.142, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 47.986 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откиени се уште 593 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 231.732.
Денес се излекувани 3.503 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 150.604 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 70 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.142 лица.
Според соопштеното, 489 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 3.683.144 тестирања на Ковид-19.