Adam Abu-bashal
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АБУЏА
Најмалку 60 лица загинаа во оружените напади извршени во северозападниот дел на Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, околу 100 вооружени моторциклисти отвориле оган во селата Гарки, Дан Адува, Кузари, Катума и Масава кои се наоѓаат во нигериската сојузна држава Сокото.
Во овие нападит животот го загубија најмалку 60 лица, додека голем број лица се повредени.
Стотици лица ги напуштија своите домови од страв, додека нанесена и штета на земјоделските производи.
Портпаролот на полициската дирекција во Сокото, Мухамед А Садик, сеуште не даде изјава за случајот.