Barış Seçkin
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
РИМ
Италија е земја која е најпогодена од пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Европа. Од денес оваа земја премина во 2. фаза од борбата против Ковид-19 што подразбира постепено олабавување на строгите мерки против ширењето на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните 2 месеци повеќе од 28.000 лица во Италија ги загубија животите од последици предизвикани од новиот тип на коронавирусот. Денес во Италија и официјално стапи во сила 2. фаза од борбата против Ковид-19 која премиерот Џузепе Конте ја именуваше како „период на заеднички живот со вирусот“.
Премиерот Конте синоќа на социјалната мрежа Фејсбук во врска со 2. фаза објави дека судбината на земјата е во рацете на населението, додавајќи дека почнувајќи од денес отворена е една нова страница, истакнувајќи дека оваа нова страница е потребно сите заедно да ја напишат со доварба и одговорност.
Со преминувањето во 2. фаза, денес својата работа во градежништвото, производството и секторот за трговија на големо ја започнаа над 4 милиони вработени.
Додека излегувањето на улица продолжува да е со документ, сепак населението ќе може да излегува во подрачјето околу својата куќа, притоа не одалечувајќи се од неа, ќе може и да спортува, под услов тоа да не е во група. Освен тоа, донесена е одлука според која е задолжително да се носи маска во затворени простории, продавници и средствата за јавен превоз.
Во Рим се отворени голем број кафулиња и ресторани кои подготвената храна ја пакуваат, а голем број лица излегоа на улица за прошетка со велосипед или за спортски активности.
Додека средствата за јавен превоз во големите градови работат со половина од својот капацитет, на седиштата во автобусите и метроата се залепени симболи со предупредувања за одржување на дистанца.
Според вестите објавени во националните медиуми, во градот Милано, вториот по големина град во земјата, во рамките на 2. фаза оторени се парковите и градините, кои биле посетени од голем број лица со своите децата или домашните миленичиња.
Премиерот Конте на 26 април потпиша декрет со кој е официјализирана 2. фаза, според која почнувајќи од денес вработените во градежништвото, производството, трговијата на големо се вратија на своите работни места, а на 11. мај ќе бидат отворени изложбените салони, музеите и библиотеките. Рестораните, кафулињата, берберниците и фризерските салони почнуваат со работа на 1. јуни.