Ahmet Gürhan Kartal
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ЛОНДОН
Од последиците на Ковид-19 во Велика Британија во изминатите 24 часа починаа уште 288 лица, со што бројот на смртни случаи во таа земја е зголемен на 24.734, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок го соопшти дневниот преглед на епидемиолошката слика во таа земја и наведе дека во изминатите 24 часа бројот на заразени е зголемен за 3.985, додавајќи дека досега се детектирани 190.584 лица позитивни на новиот тип на коронавирус.
Тој изјави дека во текот на изминатиот ден во Велика Британија на Ковид-19 биле тестирани 85.186 лица, а дека вкупно до сега биле извршени речиси 1,3 милиони такви тестови.
„Генерално, во текот на викендот имаме помал број на новозаразени, а во текот на работната недела доаѓа до пораст на тој број, кој го очекуваме и оваа недела“, изјави Хенкок.
Тој најави дека британските власти ќе започнуваат да применуваат мобилен систем за следење на луѓето со цел регистрирање на контактите меѓу луѓето, а дека пилот-тестирањето ќе биде на островот Вит, кој има популација од 140.000.