Muhammet Kurşun
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран во изминатите 24 часа од последици на Ковид-19 починаа 479 лица, додека регистрирани се 13.260 нови случаи на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, изјави дека во земјата борбата со Ковид-19 ја изгубиле вкупно 43.896 лица.
Таа истакна дека од почетокот на пандемијата се заразени 828.377 лица, од кои 5.756 се наоѓаат во критична состојба.
Излекувани се 589.025 лица кај кои претходно е потврдено присуството на Ковид-19.
Во Иран, каде покраините се прогласени за „црвени“ и „ризични“ зони, од почетокот на пандемијата се тестирани 5.706.834 примероци.
Претходно, портпаролот на Советот за борба против Ковид-19, Али Риза Реиси, изјави дека на листата на подрачја со висок ризик се наоѓаат над 100 градови и региони, меѓу кои и главниот град Техеран, поради што од 21 ноември на 15 дена ќе бидат затворени економските субјекти кои не се неопходни.