Cüneyt Karadağ
20 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека на Самитот на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи на 10 декември ќе се разговара и за прашањето во врска со Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел на прес-конференцијата по состанокот одржан преку видеоконференција на земјите членки на ЕУ, говореше за дневниот ред на Самитот кој ќе се одржи на 10 декември во 2020 година.
„На Самитот на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи на 10 декември, ќе разговараме и за прашањето во врска со Турција. Се согласивме за тоа. Сигурно дека дотогаш ќе ги следиме настаните и потоа ќе донесеме одлука. Но, од сега не можам да кажам ништо. Тоа што можам да го кажам е дека работите не одат како што сакаме“, рече Меркел.
Германската канцеларка се осврна и на тоа што Унгарија и Полска ставија вето на буџетот на ЕУ поради иницијативата за поврзување на фондовите на ЕУ со условот на владеењето на правото, како и на програмата за спас подготвена против економските последици од Ковид-19, и додаде: „Тоа е многу сериозен проблем кој треба да го решиме.“
Таа нагласи дека не сака да изнесе некоја шпекулација во оваа насока и дека ќе работат на решавање на овој проблем.
Според неа, поради продолжувањето на ветото од страна на Унгарија и Полска, не успеале да ги достават документите до Европскиот парламент (ЕП), и затоа наредната недела нема да биде одржано гласање во ЕУ во оваа насока.
Меркел истакна дека земјите членки имаат намера за заедничко дејствување што се однесува до мерките против Ковид-19.
Германската канцеларка изрази оптимизам од вестите во последните денови за развој на вакцината.
Таа изрази очекување дека во декември или во почетокот на наредната година ќе се даде дозвола за вакцината во Европа.