Bahtiyar Abdülkerimov
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА
За првпат во Таџикистан се регистрирани случаи на лица заразени со новиот тип коронавирус, Ковид-19. Петнаесетмина заболени се префрлени во болница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство и социјална заштита на Таџикистан информира дека во земјата се детектирани 15 лица позитивни на тестот на Ковид-19, од кои 10 во градот Хоџанд и 5 во Душанбе.
Од друга страна, на состанокот на Центарот за превенции од коронавирусот кој се одржа под раководство на премиерот Кахир Расулзаде, донесена е одлука за принудно носење на заштитни маски во целата земја. Со оваа одлука во исто време за сите студенти воведен е одмор до 4 мај.
Владата на оваа земја на 6 април имаше објавено соопштение во кое наведува дека во болницата во Хоџанд починале 4 лица кои во болницата се лекувале од пневмонија, додека во соопштението од 28 април се вели дека 319 лица под сомнение за пневмонија од кои 126 здравствени работници се префрлени во болницата во Душанбе, при што 11 од нив починале во болницата во која се лекувале.