Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, денеска изјави дека Турција ќе достави медицинска помош во Палестина за да помогне во борбата против пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„По упатство на турскиот претседател, медицинските материјали во вид на маски, комбинезони и сетови за тестирање ќе бидат испратени во Палестина и ќе бидат доставени до Западен Брег и Газа“, напиша Калин на Твитер.
Тој потоа изрази солидарност со Палестина, велејќи дека Турција ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ.
„Задржете ја хуманоста жива, за луѓето да можат да живеат“, додаде Калин.
Турција претходно денеска испрати втора пратка на медицински материјали во САД, една од најтешко погодените земји од Ковид-19.
Турција досега испрати помош во 57 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Италија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Либија и Сомалија, со цел борба против пандемијата.
Ковид-19 се прошири во 185 земји и региони, откако за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. САД и Европа се најтешко погодени континенти.
Пандемијата во светот досега зеде над 227.800 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот надмина 2 милиони, додека речиси 982.800 заболени оздравеа, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД.