Mahmut Atanur
30 Април 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ЏАКАРТА
Индонезиската провинција Северен Сулавеси ја потресе земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информира дека епицентарот на земјотресот се случил на отворено море, 66 километри североисточно од подрачјето Мелангуане на островот Талауд, на длабочина од 21 километар.
Според првичните проценки, во земјотресот нема починати и не е причинета материјална штета. По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.
На 28 септември 2018 година во заливот Палу на островот Сулавеси се случи земјотрес со интензитет од 7,5 степени по кој настана цунами кој ги погоди подрачјата на Донггала, Палу, Сиџи. Во несреќата животот го загубија 4.340 лица.