Sena Güler
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Турските и руските сили ја спроведоа седмата заедничка патрола на автопатот во северозападна Сирија, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во рамките на договорот/протоколот за спроведување заеднички контролни патроли, турските и руските сили ја извршија седмата копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздушните елементи“, се наведува во соопштението на Министерството на Твитер.
Автопатот М-4, исто така познат како пат Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Шестата заедничка патрола беше спроведена во вторникот.
Минатиот месец, Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб да престанат со огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување, или по Автопатот М4. Заедничките патроли започнаа на 6 март.