Zehra Ulucak
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - Познатиот американски актер Том Хенкс, кај кого беше детектиран новиот вид коронавирус Ковид-19, заедно со сопругата Рита Вилсон соопштија дека се чувствуваат подобро, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Поминаа две недели откако беа откриени првите симптоми и се чувствуваме подобро“, истакна Хенкс во порака на Твитер.
Наведувајќи ја важноста на влегувањето во изолација за да се спречи преносот на вирусот, Хенкс рече: „Престојот во една заштитена просторија е значаен затоа што: Не инфицирате други луѓе. А се штитите и од други луѓе што се заболени. Тоа е здрав разум, нели?“
„Ќе потрае некое време, но ако се грижиме едни за други, помагаме колку што можеме и се откажеме од некои задоволства, ова ќе помине“, нагласи Том Хенкс.
Хенкс и неговата сопруга Вилсон на 12 март соопштија дека се позитивни на Ковид-19.