Fatjon Cuka
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија се откриени уште 15 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се искачи на 104 лица, меѓу кои и 4 починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Албанија: Зголемен бројот на смртни случаи од коронавирусот -
Оваа информација преку соопштение ја потврди министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Огерта Манастирлиу.
Таа нагласи дека во последните 24 часа биле тестирани 45 сомнителни случаи, од кои потврдени се 15 нови случаи со Ковид-19.
„Досега се тестирани 804 сомнителни случаи, од кои вкупно 89 се позитивни на Ковид-19. 58 отсто од потврдените случаи се мажи, а 42 отсто се жени“, истакна Манастирлиу.
Здравствените институции информираат дека во земјата биле тестирани вкупно 856 сомнителни случаи, од кои вкупно 104 биле позитивни, меѓу кои и 4 починати
Се истакнува дека 68 од овие случаи се откриени во Тирана, 12 во Фиер, 7 во Драч, 4 во Валона, по 3 случаи се откриени во Каваја и Корча, по 2 случаја во Елбасан, Рогожина и Лушње, додека еден случај е во Скадар.
Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија потврди дека четири лица починале од овој вирус, додека излекувани се 5 лица.