Cüneyt Karadağ
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
БЕРЛИН (АА) – Во Германија бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус се зголеми на 111, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бројките од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и локалните здравствени власти, бројот на заболени во земјата се искачи на 26.220, а бројот на починати лица на 111, што е пораст во однос на вчерашната бројка од 94.
Лотар Вилер, претседателот на Институтот „Роберт Кох“, наведе дека бројот на излекувани лица во Германија е 2.809, но дека сè уште е рано за оптимизам.
Полицијата започна со контроли откако почна забраната за движење на повеќе од две лица заедно. Безбедносните единици ги идентификуваат лицата што се движат во групи и ги враќаат во нивните домови. За тие што не ја почитуваат забраната започнуваат кривични постапки.
Во меѓувреме, Владата го одобри пакетот за помош од 156 милијарди евра, подготвен поради појавата на коронавирусот.
Владата, исто така, издаде посебна одлука за заштита на кираџиите. Според одлуката, кираџиите што нема да можат да ја плаќаат киријата нема да бидат избркани од домовите каде што живеат.
- Меркел во самоизолација -
Од друга страна, започнаа деновите на самоизолација на канцеларката Ангела Меркел.
Откако Меркел вчера соопшти дека е во изолација, денеска фоторепортерите ја фотографираа нејзината куќа.
Лекарот што ја вакцинирал Меркел со вакцина за заштита од пневмонија бил позитивен на тестот за коронавирус.