Betül Yürük
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЊУЈОРК
Ендрју Куомо, гувернерот на американската сојузна држава Њујорк соопшти дека приближно 100 деца се заболени од ретка болест за која се смета дека е поврзана со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Куомо организираше прес-конференција на која изјави дека се истражува „инфламаторен синдром“ кој е забележан кај децата и кој се смета дека е поврзан со Ковид-19.
Гувернерот Куомо истакна дека досега 3 деца во Њујорк ги загубија животите како последица на оваа болест, а приближно 100 деца покажуваат нејзини симптоми, додавајќи дека споменатата болест предизвикува воспаление на критични органи, доведувајќи го животот во опасност.
Освен тоа, Куомо соопшти дека во последните 24 часа 195 жители на Сојузната држава Њујорк ги загубиле свотие животи како последица на заразеност со Ковид-19.
- Њујорк има потреба од 61 милијарда долари федерална помош
Гувернерот Куомо истакна дека во борбата против пандемијата на новиот тип на коронавирус, на Њујорк му е потребна помош во висина од 61 милијарда долари, додавајќи дека Вашингтон со новиот пакет за помош, наместо да ги спасува коорпоративните компании, потребно е да ги поддржи сојузните држави и работните семејства.
Досега во Сојузната држава Њујорк која е најпогодена од пандемијата на новиот тип на коронавирусот позитивни на тестот на Ковид-19 биле повеќе од 347 илјади лица, додека повеќе од 27 илјади ги загубија животите.
Според интернет страницата „Worldometer“ која постојано ги ажурира податоците повзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, во САД вкупниот број на лица кои биле позитивни на Ковид-19 изнесува 1.395.000, а животот го загубија 82.555 лица.