Bojana Stojanovic
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
БЕЛГРАД
Државјаните на Србија можат да влезат во Србија и да се движат без ограничувања со негативен тест на Ковид-19, не постар од 72 часа, а доколку немаат направено тест со негативен резултат, сите српски државјани, без исклучоци, ќе мора да бидат во домашна самоизолација во траење од 14 дена, соопшти денес Владата на Србија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Што се однесува до постарите државјани, тие можат во Србија да влезат со два услови негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа и потврда која ја издава комисијата која се состои од претставниците на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи. Оваа потврда може да се добие во српската амбасада или конзулат во земјата од која доаѓа државјанинот на Србија.
Треба да се додаде и дека кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од Ковид-19 ѝ препорача на Владата од 1 јуни во потполност да ги отвори границите за државјаните на четири соседни земји, односно БиХ, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија.