Gökhan Kavak
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АБУЏА (АА) – Во Јужноафриканската Република во последните 24 часа регистрирани се 8.124 новозаразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на заболени од Ковид-19 во земјата е зголемен на 159.333.
До денес во земјата извршени се вкупно 1.666.939 тестирања.
Од Ковид-19 во земјата оздравени се 76.025 лица, а починаа 2.749 лица.
Подрачјето на Западен Кејп е најпогодено во земјата, а најмалку случаи со Ковид-19 се регистрирани во Северен Кејп.
Јужноафриканската Република останува земја со најголем број случаи на коронавирусот во Африка.