Çağrı Koşak
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
РАМАЛА (АА) - Палестинската Влада објави дека ќе спроведе 5-дневен општ карантин во градовите на окупираниот Западен Брег заради растот на случаите на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на палестинската Влада, Ибрахим Мулхим на прес-конференција одржана во Рамала рече дека од петок 3 јули ќе биде спроведен 5-дневен општ карантин во 11 града на Западниот Брег, и дека ќе биде запрен и меѓуградскиот и градскиот сообраќај.
Наведувајќи дека пекарниците, аптеките и маркетите ќе работат, Мулхим истакна дека овој чекор е преземен за да се спречи ширењето на Ковид-19.
- Бројот на случаи надмина 3 илјади -
Палестинското Министерство за здравство неодамна објави дека бројот на случаи во земјата, вклучително и окупираниот Источен Ерусалим, е зголемен на 3.095.
Министерството, исто така, соопшти дека 634 од заразените лица оздравеле. Во Палестина, која е окупирана и се наоѓа под израелска блокада, досега од Ковид-19 починаа 11 лица.