Ömer Kılıç,Hassan Isilow
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Според медиумите од Јужноафриканска Република, Серхат Бајоглу, член на Здружението на претприемачи во Јужноафриканската Република и Турција и неговиот брат Вуслат Бајоглу, кој е поранешен претседател на ова здружение, двајцата поврзани со терористичката организација ФЕТО, купија фабрика за оружје во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Сити прес“, кој се повика на весникот „Рапорт“, наведува дека Владата на Јужноафриканската Република не е запознена со продажбата на фабриката „Милкор“, како и дека оваа компанија ја нема на листата на Националниот комитет за контрола на конвенционалното оружје (НЦАЦЦ).
Уредникот на интернет порталот „defenceWeb“ Гај Мартин тврди дека компанијата „Милкор“ се обидува својот оддел за производство на оклопни возила да го стави на листата на НЦАЦЦ.
Хелмод-Ромер Хејтман, од Комитетот за набљудување на одбраната на Јужноафриканската Република, за АА потврди дека доколку тврдењата во врска со „Милкор“ бидат докажани, оваа компанија би можела да добие суспензија.
„Лично не сум наишол на рекламите на оваа компанија. Можно е да се споменуваат оклопни возила што оваа компанија ги продава. Владата секако ќе мора да ја разгледа состојбата на вработените на оваа компанија, така што не е исклучено дека во компанијата би можел да биде испратен и принуден управник, заради заштита на вработените и на купувачите“, изјави Хејтман.
Тој додаде дека компанијата има дозвола за производство и извоз на гранатни фрлачи M40.
Новинарите на АА се обидоа да стапат во контакт со челниците на оваа компанија, но никој од нив не сакаше да одговара на прашањата.
Од друга страна, новинар на АА од дипломатски извори дознава дека официјалните претставници на Јужноафриканска Република имаат информации за поврзаност на овие компании со ФЕТО, како и дека им е познат ставот на Турција кога е во прашање ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар во Турција, со посредство на инфилтрирани поданици во турските безбедносни сили и во другите државни институции на таа земја. Четири дена по тој обид, Анкара во Вашингтон испрати четири одвоени досиеја со барање за испорака на водачот на таа терористичка организација, Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија. Во септември, Турција на САД им достави барање за привремено апсење на Ѓулен поради обвинението за организирање на воениот удар во Турција.