Riyaz Khaliq Khaliq
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денеска го регистрира рекордниот број дневни случаи на Ковид-19 и ги повика граѓаните да примаат бустер-дози за го спречат ширењето на смртоносната зараза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според анализата на податоците од „Кјодо њуз“ со седиште во Токио, земјата со над 127 милиони луѓе пријавила над 180.000 случаи со коронавирусот на дневно ниво - рекорд откако започна пандемијата на крајот од 2019 година.
Јапонскиот министер за здравство, Шигејуки Гото, рече дека „порастот на случаи може да го зголеми бројот на пациенти со тешки симптоми и да влијае на системот за здравствена заштита бидејќи може да предизвика групни инфекции во установи со лица со висок ризик, како што се болници и старечки домови“.
Од 47-те провинции во земјата околу 35 пријавија дека се постојано со висок број случаи откако Јапонија минува низ седмиот бран на подваријантата на Омикрон, БA.5, која се шири низ земјата.
Јапонија пријави 152.536 случаи ден порано во нејзините 30 провинции.
Главниот град Токио регистрира 31.878 случаи на коронавирусот, за првпат над 30.000. Изминатиот рекорд беше 21.562 регистриран на почетокот од оваа година, на 2 февруари.
„Главниот град ги прави сите напори да го зајакне својот медицински систем“, рече гувернерот Јурико Коике, бидејќи Токио сведочеше на дневен извештај од над 10.000 инфекции од 12 јули.
Мацуно Хироказу, портпаролот на Владата, рече дека „постои потреба да се надгледува влијанието врз медицинскиот систем со максимална претпазливост“.
Јапонија досега, откако започна пандемијата, регистрира повеќе од 10,7 милиони случаи на Ковид-19 и 31.697 смртни случаи.