Mehmet Alaca,Çağla Güngör
21 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Во Шведска објавено е предупредување дека температурата на воздухот во наредните денови ќе достигне 35 Целзиусови степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија и хидрологија на Шведска соопшти дека рекордниот топлотен бран во Европа се проширил и во Шведска и дека оваа недела се очекуваат екстремно високи температури низ целата земја.
Според Институтот, доколку термометрите покажат 35 Целзиусови степени, ризикот од недостиг на вода и шумски пожари е доста голем. Исто така, граѓаните се советуваат да пијат многу вода.
Свења Сурмински, генералната директорка на компанијата „Марш Мекленан“ за клима и одржливост, истакнувајќи дека климатските промени се причина за топлотните бранови, рече дека во иднина владите треба да се подготват за почести екстремни горештини.
Ричард Бетс, раководител на истражувањето за климатските ефекти на Метеоролошкиот институт на Велика Британија, истакна дека климатските промени се предизвикани од ослободувањето на јаглерод диоксид и други стакленички гасови.
Бетс, меѓу другото, додаде дека треба целосно да бидат прекинати емисиите на стакленички гасови во атмосферата за да се запре глобалното затоплување и за да се спречи топлотните бранови да станат почести и поинтензивни.