Ahmet Furkan Mercan
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ТОКИО (АА) - Во Јапонија 396 лица се заразени со нова варијанта на Ковид-19 која претходно не е позната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за епидемии (NIID) соопшти дека 396 луѓе се заразени со нова варијанта на Ковид-19, која претходно не е видена, и дека варијантата не е иста со таа откриена во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.
Случаите со новата варијанта на Ковид-19 се откриени во регионот Канто, каде што се наоѓа главниот град Токио.
Според Националниот епидемиолошки институт, постои загриженост дека варијантата, која има одредени сличности со британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој, може да го зголеми ризикот од брзо пренесување и да ја намали ефикасноста на постојните вакцини против Ковид-19.
Саито Томоја, раководител на Центарот за брзи реакции на Националниот епидемиолошки институт, рече дека можно е новата варијанта да е дојдена надвор од Јапонија, но тие за тоа немаат доволно информации.