Hamdi Yıldız
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
БАГДАД (АА) - Претставникот на НАТО во Ирак, генерал-потполковникот Пјер Олсен, рече дека неговите сили ќе продолжат да обезбедуваат обука и совети за Армијата во земјата, но никогаш нема да ја преземат улогата на американските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Олсен во изјавата за ТВ-каналот „Азија“ рече: „Во Ирак нашите сили се состојат од повеќе од 300 војници, немаме мисија да војуваме, туку друга мисија.“
Тој истакна дека институциите на кои ќе им се обезбедуваат обука и консултации ќе бидат утврдени како резултат на состаноците што ќе се одржат во наредните месеци.
Потсетувајќи дека ирачкиот потсекретар за национална безбедност, Касим Араџи, упатил официјално барање за зголемување на бројот на трупите на НАТО во земјата, Олсен рече: „НАТО дефинитивно нема да ја преземе улогата на САД во Ирак.“
Од друга страна, Олсен нагласи дека ирачката Влада се грижи да ја заштити мисијата на НАТО од каква било вооружена цел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 18 февруари рече: „Одлучивме да ја прошириме мисијата на НАТО во Ирак со цел да ги поддржиме ирачките сили во нивната борба против тероризмот и да спречиме враќање на ДЕАШ. Нашата мисија ќе се зголеми од 500 на 4.000 лица.“