Ahmet Furkan Mercan
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТОКИО (АА) – Во Јапонија вонредната состојба низ целата земја поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, е продолжена до крајот на мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Шинзо Абе на одржаната прес-конференција потсети дека е предвидено вонредната состојба, прогласена низ целата земја на 16 април, да заврши на 6 мај.
Наведувајќи дека Владата добила нови совети од експертската комисија за Ковид-19, премиерот Абе рече дека донесена е одлука вонредната состојба да продолжи до 31 мај.
Во Јапонија, бројот на евидентирани случаи со коронавирус се зголеми на 15.914, а бројот на смртни случаи на 555.