Fuat Kabakcı
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Јужна Кореја во последните 24 часа регистрирани се 8 случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, а починати се 2 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според соопштението од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја, во последните 24 часа забележани се 8 нови случаи на Ковид-19 во земјата, а 2 лица починале поради епидемијата.
Со тоа, вкупниот број на случаи на Ковид-19 во земјата се зголеми на 10.801, додека бројот на смртни случаи се искачи на 252.
- Во Тајланд зголемен бројот на случаи со Ковид-19 -
Според изјавата на Центарот за борба против Ковид-19 во Тајланд, бројот на случаи со коронавирусот во последните 24 часа е зголемен за 18. Од 27 април до денеска бројката на новозаразени со вирусот се движеше под 10.
Случаи со Ковид-19 се регистрирани во градот Сонгкла на границата на земјата со Малезија. Вкупниот број случаи во Тајланд се зголеми на 2.987.
Во Тајланд како резултат на Ковид-19 досега починаа 54 лица.
Бројот на заразени со Ковид-19, што се појави во кинескиот град Вухан, надмина 3,5 милиони, а повеќе од 240.000 починаа.