Şenhan Bolelli
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
МАДРИД (АА) - Шпанското Министерство за здравство соопшти дека од вирусот Ковид-19 во изминатата една недела починале 10 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Продолжувајќи со ревидирањето на претходните податоци за Ковид-19 во земјата, Министерството наведе дека вкупниот број на смртни случаи во земјата достигнал 28.327.
Според објавените бројки, половина од 10-те смртни случаи од Ковид-19 регистрирани во последната недела се од автономните заедници Кастиља и Леон.
Покрај тоа, соопштено е дека бројот на случаи со Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 196, со што вкупната бројка на досега заразени изнесува 247.086.
- Ситуацијата во Португалија -
Португалската Влада објави дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале три лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата е зголемен на 1.543.
Во Португалија во последното деноноќие детектирани се 367 новозаразени со Ковид-19, со тоа вкупниот број е искачен на 40.104.
Од вирусот Ковид-19 досега во земјата излекувани се 26.083 лица.