свет, Коронавирус

Во Шпанија 28.403 починати од последици предизвикани од Ковид-19

По примерот на автономната област Каталонија и на Балеарските Острови воведено е задолжително носење на заштитни маски и држење социјална дистанца. Во Португалија последните 24 часа починале 2 лица од последици предивикани од заразеност со Ковид-19

Şenhan Bolelli  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Во Шпанија 28.403 починати од последици предизвикани од Ковид-19

МАДРИД

Министерството за здравство на Шпанија објави дека последните 7 дена 10 лица починале од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпанија која продолжува да врши ревизија на претходните смртните случаи поврзани со коронавирусот, ја објавува само неделната бројка на смртни случаи и дневната бројка на лица позитивни на Ковид-19. Во соопштението на шпанското министерство се наведува дека вчера објавената бројка на вкупно 28.401 смртен случај, денес е зголемена за двајца починати и изнесува 28.403.

Во соопштението се истакнува дека од 10-те смртни случаи регистрирани во последните 7 дена, половината (5) потекнуваат од автономната област Кастиља и Леон.

Покрај тоа, вкупната бројка за лица позитивни на Ковид-19 изнесува 253.908, од кои 333 се детектирани во последните 24 часа.

Новите случаи на заразеност со коронавирусот меѓу 17-те автономни области во Шпанија, најмногу се регистрирани во Каталонија, Арагон, Андалузија и Мадрид.

Властите на местото Сегрија, во Каталонија, упатија повик за надополнување на недостатокот на лекари специјалисти поради зголемената бројка на заразени со Ковид-19.

По примерот на автономната област Каталонија, туристичките места Мајорка, Менорка и Ибица, и на Балеарските Острови воведено е задолжително носење на заштитни маски и држење социјална дистанца.

Од друга страна, донесен е закон според кој лицата позитивни на Ковид-19 нема да можат да гласаат на локалните парламентарни избори во автономните области Галиција и Баскија, закажани за 12 јули, недела.



- Состојбата во Португалија

Владата на Португалија објави дека последните 24 часа починале 2 лица од последици предивикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 1.646.

Во Португалија каде бројката на новозаразени е во подем, последните 24 часа се забележани 402 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи вкупната бројка на 45.679.

Досега од заразеност со коронавирусот оздравеа 30.350 лица.

Премиерот на Португалија Антонио Коста, во врска со зголемувањето на случаите на коронавирусот во подрачјето на главниот град Лисабон и неговата околина изјави „Моменталната состојба на некои места е загрижувачка, но преостанатиот дел од земјата е мирен. Причина за загриженоста е регистрирањето на нови случаи на Ковид-19 на места со популација со висок ризик.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.