Kemal Zorlak,Bojana Stojanovic
11 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
БЕЛГРАД
Протестите во Белград продолжуваат, а демонстрантите вечерва, четвртиот ден од протестите, околу 21.30 срушија ограда пред Собранието на Србија, односно ја поместија оградата до самите скали каде ги палеа факелите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите 4. ден од протестите се собраа пред Собранието на Србија против мерките на државата во борба против Ковид-19.
Како јавува новинарката на АА, во Белград вечерва беше мирно до 21.15 часот, по што демонстрантите ја срушија оградата пред Собранието на Србија и се пробија до самите скали.
Демонстрантите кои ја пробија оградата ги избркаа новинарите и снимателите пред влезот со намера да им оневозможат да забележат што се случува таму.
Пред Собранието немаше полиција, а кордонот на безбедносни сили е формиран откако демонстрантите ја срушиле оградата.
Демонстрантите моментално на полицијата фрлаат факели, камења и други предмети.