Vesna Besic
11 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
ПОТОЧАРИ
Семејствата на убиените жртви во геноцидот во Сребреница, соседите и пријателите пристигнуват во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари каде денес ќе бидат погребани девет идентификувани жртви на геноцидот во Сребреница извршен во летото во 1995 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради мерките преземени поради ширењето на коронавирусот (Ковид-19) оваа година, на 25. годишнина од геноцидот извршен на подрачјето на Сребреница, нема организирано доаѓање од различни делови на Босна и Херцеговина како што тоа беше случај во поранешните години.
Оваа година не се очекува доаѓање на голем број граѓани.
Семејствата, роднините и пријателите од утринските часови ги посетуват гробиштата на Меморијалниот центар каде се молат за веќе погребаните членови на своите семејства.
Пристигнуваат и семејствата кои денес ќе ги погребаат посмртните остатоци на девет жртви од геноцидот од 1995 година, кој го извршија воените, паравоените и полициските формации од Република Српска и Србија над Бошњаците во Сребреница, Заштитената зона на Обединетите нации.
Салко Ибишевиќ е најмладата жртва која оваа година ќе биде погребана во гробиштата на Меморијалниот центар. Имал само 23 години кога е убиен. Неговите посмртни останки се пронајдени во секундарната масовна гробница Липље, во општина Зворник во 2001 година.
Највозрасната жртва која ќе биде погребана е Хасан Пезиќ од местото Пустоше кај Власеница. Тој имал 70 години кога е убиен, а исчезнал во 1995 година, на подрачјето на Козлук. Неговото тело е ексхумирано од масовна гробница во Козлук 1999 година.
Во Меморијалниот центар „Поточари“ оваа година ќе бидат погребани: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.