Samir Kajoševic
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 58 нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека најмногу нови случаи се регистрирани во северниот дел на Црна Гора.
„Во Рожаје се откриени 19 нови случаи, Беране 14, Подгорица 13, Бар 5, Цетиње 3, Котор 2, а во Бело Поле и Никшиќ по еден случај. Во изминатите 24 часа излекувани се петмина пациенти“, наведуваат во Институтот.
Од почетокот на јуни, вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора е 753, со 11 потврдени смртни случаи и десет излекувани.