Yusuf Özcan
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ПАРИЗ
Последните 24 часа во Франција од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 348 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во ова земја предизвикани од заразеност со Коивд-19 изнесува 26.991, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави Министерството за здравство се вели декапоследните 24 часа 2.478 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, при што вкупната бројка на лица позитивни на новиот типа на коронавирусот изнесува 213.662.
Поради заразеност со Ковид-19 во болниците во Франција се лекуваат 21.595 болни, од кои 2.542 пациенти се наоѓат на одделенијата за интензивна нега. Веќе 34 дена има тенденција на опаѓање на бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега.
Бројот на оздравени во последните 24 часа изнесува 1.118, со што вкупниот број на оздравени изнесува 57.785.
Последните 24 часа во француските болници и домови за старци животот го загубија 384 лица, од кои 17.003 лица во болница и 9.988 во домовите за стари лица, со што вкупниот број на смртните случаи во Франција се искачи на 26.991 лица.
Според податоците забележани последните 24 часа, забележан е раст во бројот на смртни случаи во однос на вчера.
- Бројот на заразени во француската војска се искачи на 1.771
Од друга страна, министерката за одбрана на Франција Флоранс Парли пред Сенатот изјави дека во армијата 1.771 лица се позитивни на Ковид-19.