Yusuf Özcan
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ПАРИЗ
Последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Франција починаа 531 лице. Во оваа земја досега се регистрирани вкупно 20.796 смртни случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на здравствените установи во Франција Жером Саломон информираше дека во последните 24 часа се потврдени 2.667 новозаразени случаи со Ковид-19, односно во Франција досега се детектирани 181.441 заразен со новиот тип на коронавирусот.
Поради Ковид-19 хоспитализирани се 30.106 лица, од кои 5.433 се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега. Саломон соопшти дека бројот на луѓето на одделенијата за интензивна нега е во опаѓање веќе 13 ден по ред.
Во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 се излекувале вкупно 39.181 лице.
Исто така, во болниците и старечките домови во последните 24 часа се потврдени 531 смертен случај како последица на заразеност со Ковид-19, со што бројката на починати во болниците е зголемен на 12.900, а во старечките домови на 7.896. Со последните податоци, вкупната бројка на починати во Франција е зголемен на 20.796.
Во француските прекуморски територии потврдени се 32 смртни случаи.
Франција се наоѓа на четвртото место меѓу земјите од светот во кои се потврдени повеќе од 20.000 смртни случаи предизвикани од Ковид-19.