Bakir Tiro
21 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
НИОН
По пат на видеолинк денес е одржан состанок на земјите-членки на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на која повторно не е прецизиран датумот на евентуално продолжување на сезоната прекината поради пандемијата на новиот тип на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот се презентирани потенцијалните решенија во врска со натпреварите на националните репрезентации (Лига на нации и баражот за ЕВРО), како и клубските натпреварувања на УЕФА, чија организација и одигрување се пролонгирани или откажани поради пандемијата на Ковид-19.
Во исто време на состанокот е договорено дека точните датуми за одигрувањето на натпреварите од баражаот за ЕВРО 2020 ќе бидат познати дополнително. Одредувањето на датумот за одигрувањето на овие натпревари ќе биде дефиниран дури во случај кога ќе дојде до ублажување на рестриктивните мерки кои се на сила, а издадени се од страна на надлежнтие органи на земјите низ светот со единствена цел, борба против ширењето на пандемијата на Ковид-19. УЕФА и понатака останува во постојана комуникација со своите членки, со цел овозможување на директен проток на информации, што е од големо значење во новонастанатата ситуација, особено од причина на ублажување и амортизирање на настанатите потешкотии и проблеми предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Тоа пред сѐ се однесува на можноста на продолжување на националните натпревари, преодните рокови, прашање за статусот на играчите и клубовите, како и низа други општи аспекти кои влијаат на фудбалот во светот, а чија стабилност значително е нарушена со пандемијата на новиот тип на коронавирусот.