Sümeyye Dilara Dinçer,Behlül Çetinkaya
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во светот со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега заразени се над 77,7 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на коронавирусот во светот е зголемен на 77.718.158.
Досега од последици на коронавирусот во светот починале 1.709.011 лица, додека повеќе од 54,5 милиони се излекувале.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде што вирусот е потврден кај 18.473.716 лица.
Според бројот на заразени, по САД следат: Индија (10.075.422), Бразил (7.264.221), Русија (2.877.727), Франција (2.479.151), Велика Британија (2.073.511), Турција (2.043.704), Италија (1.964.054) и Шпанија (1.830.110).