Elena Teslova
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија денес е регистриран висок број смртни случаи како последица на Ковид-19, вирусот во текот на изминатиот ден одзеде 973 животи, со што бројката на починати се искачи на вкупно 218.345, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со регистрираните 28.190 нови случаи на заразување од вчера, бројот на активни случаи во земјата достигна 720.334“, наведува руската Работна група за итни случаи во дневниот извештај.
„До денес, над 7,83 милиони луѓе беа изложени на вирусот“, се додава.
Бројот на оздравени се зголеми за 20.706 во текот на изминатите 24 часа и достигна 6,89 милиони.
Експертите го поврзуваат зголемениот број смртни случаи од коронавирусот со ниското ниво на вакцинација - само 42,2 милиони луѓе или 29,11 отсто се имунизирани против вирусот во Русија, што е помалку од половина од бројката потребна за да се постигне колективен имунитет.
Друг фактор што влијае на стапката на смртност е почетокот на зимската сезона, која носи болести слични на грип проследени со компликации кои ја зголемуваат веројатноста за фатален исход.
Исто така, во студените месеци бројот на пациенти се зголемува, пропорционално зголемувајќи ја стапката на смртност.
Од декември 2019 година, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пандемијата однесе речиси 4,85 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 238,3 милиони случаи пријавени низ светот.