Merve Berker
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
АНКАРА
Во светот досега се дадени повеќе од 4,62 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со глобалниот процес на имунизација против коронавирусот.
Во имунизацијата во предност е Кина во која се дадени 1,83 милијарди дози од вакцините против коронавирусот.
Индија е втора со повеќе од 523,67 милиони дози на вакцина, следуваат САД со околу 353,86 милиони. Во Бразил се аплицирани над 160,06 милиони дози, додека во Јапонија бројката на дадени дози на вакцини изнесува 108,18 милиони.
Во меѓувреме, Германија има аплицирано над 96,85 милиони дози на вакцина, следува Велика Британија со 87,18 милиони дози.
Според податоците на турското Министерство за здравство, заклучно со 13:58 часот по локално време, земјата има администрирано повеќе од 82,21 милион дози.
Над 43,56 милиони луѓе во Турција добија една доза на вакцина, додека 32,19 милиони добија две дози.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
Во Франција се администрирани повеќе од 79,29 милиони и во Индонезија 79,05 милиони дози на вакцина, а по нив следуваат Мексико, Италија, Русија, Шпанија и Канада.
Бројот на случаи на заразување со Ковид-19 низ целиот свет, сега изнесува над 205,5 милиони, вклучувајќи повеќе од 4,33 милиони смртни случаи, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.