Nuri Aydın
26 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
СЕУЛ (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени 46 нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја 58 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека од вкупно 46 нови случаи 11 се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.330, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во земјата досега се излекувани 78.908 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Бројот на активни случаи во земјата е 288.
- Во Јужна Кореја бројот на случаи со Ковид-19 зголемен на 14.150 -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден се забележани 58 нови случаи на Ковид-19, од кои 46 кај лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 14.150, а од вирусот во земјата досега оздравеле 12.890 заразени.
Во последните 24 часа не е евидентиран смртен случај од Ковид-19. Досега вкупно 298 лица починале од последици предизвикани од Ковид-19.
Во последниот период во Сеул и околината најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај вработени во магацин на компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.
За првпат по четири месеци, бројот на дневни случаи на Ковид-19 вчера надмина 100.