Ekipa
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија соопшти дека Британците кои се враќаат од одмор од Шпанија треба да минат во карантин две недели по пристигнувањето, поради загижувачкиот раст на случаи на Ковид-19 во таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По значителните промени во текот на минатата недела и во нивото и во темпото на раст на случаите, Шпанија е тргната од листата на земји од каде луѓето по враќањето во Велика Британија не треба да бидат во изолација“, соопшти портпарлотот на британската Влада. „Луѓето кои моментно се на годишен одмор во Шпанија ќе треба да ги следат локалните правила, да се вратат дома како што е вообичаено, и да ги проверат државните информации за патување.“
Велика Британија ја додаде Шпанија на својата листа на ризични земји поради стравувањата од втор бран на вирусот во медитеранската земја.
На листата се наоѓаат и САД, Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран и Португалија.
Шпанија вчера регистрираше 922 нови случаи на коронавирусот, малку помал број од претходниот ден.
Шпанската Влада соопшти дека е можен втор бран на вирусот, како и во другите европски земји, особено Франција и Германија.