Ömer Olcay
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Пет лица загинаа, а 12 се повредени во терористичкиот напад врз цивили на пазар во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ изведен од страна на терористите на ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека терористичката организација ПКК/ЈПГ извршила напад врз невини цивили за да се наруши мирот и безбедноста во регионот на „Извор на мирот“.
„Терористите, непријатели на човештвото, активираа рачно изработен експлозив на пазар во центарот на Рас ал Ајн, каде загинаа 5 цивили, а 12 се повредени“, се вели во соопштението.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.