Ali Cura
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.269, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 812.485, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.765 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 812.485.
Бројот на починати на дневна основа се намали на најниско ниво од 4 мај.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 77 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 13.267.
Во Русија излекувани се уште 3.110 лица, со тоа вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 600.250.
Досега во Русија направени се над 26.900.000 тестирања за Ковид-19.