Muhammed Ali Toruntay
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во последните пет дена се неутрализирани вкупно 16 терористи на ПКК/ЈПГ за кои беше утврдено дека се подготвувале да изведат напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството, 13 од терористите се неутрализирани во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат “, додека тројца терористи во зоната каде што беше спроведена операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Ирак.
„Херојските припадници на Турските вооружени сили, кои продолжуваат со решителност да го елиминираат тероризмот во неговиот извор, неутрализираа 16 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напади. Тринаесет од терористите се неутрализирани во регионот на „Штитот на Еуфрат“ и тројца терористи во регионот „Извор на мирот“ во последните пет дена“, се нагласува во соопштението на Министерството за национална одбрана.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Во 2016 година Турција започна неколку успешни антитерористички прекугранични операции во Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и за осигурување безбедна средина за враќање на раселените лица. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).