Mücahit Aydemir
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Египетската Армија за заедничката поморска вежба со Франција во Медитеранот извести со користење на лажна фотографија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на египетската Армија, генерал Тамир ер Рифаи, во сопштението дадено преку официјалниот профил на социјалните мрежи напиша дека во Медитеранот е одржана заедничка вежба на која учествувале египетски и француски фрегати.
Заедно со официјалното соопштение споделена е фотографија од вежбата, но се забележува дека фрегата со египетското знаме, со програма за уредување на фотографии е додадена во иста рамка со француската фрегата „Aconit F713“.
Оригиналната фотографија е објавена на официјалната веб-страница на американската Морнарица и датира од 19 септември 2013 година.
Во споделената фотографија нема египетска фрегата.
Во соопштението на портпаролот на египетската Армија се наведува дека вежбата е реализирана во рамките на „планот на Армијата за постигнување совршеност на ниво на вежба, споделување искуства, поддршка на поморските безбедносни напори и за стабилноста и мирот на Медитеранот.“
Египетската администрација, заедно со Франција, е позната по поддршката на водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија, Калифа Хафтар, во граѓанската војна во таа земја.