Yusuf Özcan
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција во последните 24 часа се зголеми за 231 лице, со што вкупниот број достигна 1.331, јавува Агенција Анадолија (AA).
Жером Саломон, од француското Министерство за здравство, изјави дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемил за 2.933, на вкупно 25.233.
Тој истакна дека на интензивна нега се наоѓаат 2.827 заразени лица, напоменувајќи дека 59 отсто од нив се лица на возраст меѓу 60 и 80 години.
Нагласи дека досега во земјата од коронавирусот се излечени околу 3.900 лица.
Додаде и дека 86 отсто од лицата кои починале од вирусот биле лица постари од 70 години.