Cüneyt Karadağ
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во изминатите 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 410 лица, што е најголем број на починати во еден ден од април, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот „Роберт Кох“ е соопштено дека во изминатото деноноќие потврдени се 18.633 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 961.320.
Во Германија од почетокот на епидемијата битката со Ковид-19 ја изгубија 14.771 лица.