Erbil Başay,Cüneyt Karadağ
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Автомобил со испишана порака „Стоп за политиката на глобализација“ денеска удри во капијата пред зградата на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел во Берлин, јавува Агенција Анадолија (AA).
Бројни полициски патроли се на терен, а приодот кон зградата е блокиран.
Идентитетот, како и мотивот на возачот на автомобилот засега се непознати.
Локалните медиуми објавија дека најверојатно станува збор за политички мотивиран напад, бидејќи на возилото биле испишани натписите „Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.
Полицијата интервенирала врз возачот.
За време на обидот за напад, се одржуваше владин состанок со кој претседаваше канцеларката Меркел.