Vesna Besic
28 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во њујоршкото урбано подрачје Квинс беше организирана манифестацијата „Кино на отворено“, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на пандемијата на Ковид-19 кога сѐ уште на сила се многу мерки и во време кога не работат кината, во Квинс граѓаните имаа можност да уживаат во филм на отворено. Филмот го гледаа од автомобилите.
Епицентарот на Ковид-19 во САД е сѐ уште Њујорк, каде што се заразени повеќе од 370.000 лица, а починаа над 29.000.
Низ САД од Ковид-19 починаа повеќе од 100.000 лица, а вирусот е потврден кај 1,7 милион лица.