свет, Коронавирус

„Боинг“ објави дека одново започнал со производството на „Боинг 737 макс“

- Одлуката на компанијата за повторно започнување на производството дојде по соопштението на извршниот директор на „Боинг“, Дејв Калхун, дека околу 7.000 работници се отпуштени од работа

Mücahit Oktay  | 28.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
„Боинг“ објави дека одново започнал со производството на „Боинг 737 макс“

ЊУЈОРК

Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека започнал одново да го произведува авионот „737 макс“, чие производство беше запрено во јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението објавено на интернет-страницата на компанијата се вели: „Боинг последните месеци направи значаен напредок за повторно производство на моделот „737 макс“. Во овој период нашата компанија продолжи да соработува со Федералната управа за авијација и со други глобални регулатори.“

Во соопштенито, истакнувајќи дека компанијата сѐ уште врз себе го носи тешкиот товар поради последните две авионски несреќи, се вели: „Создадовме фонд за помош од 100 милиони долари за да ги задоволиме потребите на лицата кои се погодени од овие несреќи.“

По двете авионски несреќи до кои дојде при летовите на авионите од типот „737 макс“, во кои животот го загубија 346 патници и членови на екипажот, „Боинг“ ја запре испораката на овој тип на авиони и во март 2019 година ги забрани летовите на овие авиони.

Хангарите на „Боинг“ во САД се преполни со авиони поради откажаните нарачки и влијанието на пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19).

Одлуката на компанијата за повторно започнување на производството дојде по соопштението на извршниот директор на „Боинг“, Дејв Калхун, дека околу 7.000 работници се отпуштени од работа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.