Muhammed Emin Canik
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Во Бразил, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 449 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата на Министерството за здравство, вкупната бројка на починати во Бразил се искачи на 5.466, со пораст од 449 за последните 24 часа.
Бројот на дијагностицирани случаи со Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 6.276, со што вкупната бројка достигна 78.162.
Во Бразил Ковид-19 го победија вкупно 34.132 лица. Од друга страна, причината за смртта на 1.452 лица се истражува.
Бразил, чие население се приближува кон 210 милиони, е земја која е најпогодена од епидемијата на Ковид-19 во Латинска Америка.
Првиот случај со Ковид-19, како и првиот смртен случај од овој вирус на континентот, беа регистрирани во Бразил.