Emel Gözellik
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот ја надмина бројката од 3.200.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според страницата „Worldometer“, на која се евидентираат податоците за состојбата со Ковид-19, бројот на дијагностицирани лица во светот се зголеми на 3.200.414.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД) - 1.055.303.
Потоа следуваат Шпанија - 236.899, Италија -203.591, Франција - 167.518, Велика Британија - 165.173, Германија - 161.173, Турција - 117.589, Русија – 99.399 и Иран - 93.657 случаи.
Во Кина, каде што се појави епидемијата, регистрирани се 82.858 случаи на Ковид-19.
Земји со над 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се: Бразил - 78.162, Канада - 51.231, Белгија - 47.859, Холандија - 38.802, Перу – 33.931, Индија - 33.062, Швајцарија - 29.407, Португалија – 24.505, Еквадор - 24.258, Саудиска Арабија - 21.402, Шведска - 20.302, Ирска - 20.253, Мексико - 16.752, Израел - 15.782, Сингапур - 15.641, Пакистан - 15.525, Австрија - 15.402, Чиле - 14.885, Јапонија - 13.736, Белорусија - 13.181, Полска - 12.640, Катар - 12.564, Романија - 11.978, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) - 11.929 и Јужна Кореја - 10.761.
Епидемијата на Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година и се рашири во над 200 земји и региони низ светот.
Поради епидемијата на вирусот во светот починаа 227.270 лица, додека 995.405 лица се излекуваа.