Bilal Acar
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер, Борис Џонсон, соопшти дека изолацијата на лицата што имаат позитивен тест за Ковид-19 во земјата ќе стане законска обврска, а оние што не го почитуваат тоа може да бидат казнети со парична казна до 10 илјади фунти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Борис Џонсон предупреди дека лицата што ги игнорираат новите мерки што се преземени поради сериозното зголемување на случаите со Ковид-19 ќе се соочат со многу строги казни.
Соопштено е дека во рамките на новите мерки што ќе бидат преземени, лицата што ќе бидат позитивни на Ковид-19 од 28 септември ќе имаат законска обврска да се изолираат дома. Оние што не ги почитуваат правилата може да бидат казнети со парична казна од 1.000 фунти. Доколку повторно ги прекршат правилата, тогаш казната ќе биде 10.000 фунти.
Наведено е дека Владата ќе обезбеди поддршка од 500 фунти на луѓето со ниски примања кои мора да се изолираат и немаат можност да работат од дома.
Претходниот ден во земјата во текот на 24 часа беа евидентирани 4.422 нови случаи на Ковид-19, најголем број во последните 4 месеци.